Connect with us

Свет

Русија тврди дека зазела село во источна Украина

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека московските сили го зазеле селото Клиновје во регионот Донецк во Украина.

Информациите не можат да бидат независно потврдени.

Во меѓувреме, три лица загинаа, а најмалку осум се ранети во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Днепар, изјави гувернерот на регионот Днепар, Владислав Гајваненко.

„Операцијата за спасување е во тек, според прелиминарните податоци, има штета на бензинска пумпа и компанија. Инспекцијата на областа продолжува и штетата се проценува“, додаде тој на апликацијата Телеграм. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2