Вести
Пронајдени 13 мобилни телефони кај Џеваир Камбери, од Министерството за економија, еден од обвинетите за „Пулс“
Во затворот кај обвинетиот Џеваир Камбери од Министерството за економија за случајот „Пулс“ биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, информираше судијката Диана Груевска Илиевска непосредно пред почетокот на денешното рочиште и го опомена обвинетиот.
Тој изјави дека ги пронашол телефоните кога стигнал таму.
-Ги пронајдов телефоните кога стигнав таму, изјави обвинетиот пред Судот.
Непосредно пред почетокот на денешното рочиште таа информираше и дека биле поднесени нови полномоштва за оштетени лица.
На денешното рочиште се очекува произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, а јавноста може да го следи во живо преку каналите на МИА.
Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари.
Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.
На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници, меѓу кои и Џеваир Камбери, кај кого биле пронајдени телефоните.
Во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
декември 2, 2025

