Connect with us

Општини

Конститутивна седница на Совет за развој на Вардарски плански регион, за претседател избран Ќиро Нацков

Конститутивна седница на Совет за развој на Вардарски плански регион, се одржа денеска во Кавадарци, за претседател беше избран Ќиро Нацков, градоначалникот на Градско, сподели попладнево градоначалникот на Росоман, Ѓорѓи Крстевски, на неговиот Фејсбук – профил.  

– Зедно со градоначалниците од Вардарскиот плански регион, ја одржавме конститутивната седница на Советот за развој на ВПР. На седницата се утврдија насоките за идната соработка, регионалните проекти и заедничките приоритети што ќе го унапредат развојот на сите општини во регионот. Очекуваме плодна соработка и заеднички напредок во интерес на сите граѓани во регионот, напиша Крстевски. 

Дека во просториите на Општина Кавадарци се одржала конститутивна седница на Советот за развој на Вардарски плански регион, информираа и од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Притоа соопштија дека бил предложен дневен ред со 7 точки.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2