Connect with us

Сервисни информации

Водата од поплавените места на Чешиново – Облешево се повлекува, потребна е чиста вода за пиење

Водата од дворовите, приземните простории и подрумите на мештаните од селата Облешево, Чешиново, Спанчево и Чифлик, каде што вчера состојбата беше критична поради напливот на води од Кочанска Река и каналската мрежа,  денеска се повлекува. 

Голем дел од луѓето во овие села од Општината Чешиново – Облешево имаат ископано свои бунари за снабдување со вода за пиење, но поради мешање на атмосферските води  и канализацијата, не можат да ја користат. Затоа, во овој момент на жителите им е најпотребна питка вода за пиење. Градоначалникот на Чешиново Облешево, Јорданчо Костадинов, појаснува дека мора да се изврши  дезинфекција на поплавените места, а потребна е механизација за да се исчисти коритото на Кочанска Река. 

-Веќе од понеделник очекуваме да биде формирана комисија. Во координација со централната власт ќе ги направиме тие првични сондажи на оштетувањата коишто ги имат зафатено нашите граѓани . Дополнително ќе дадеме информации каде да се обратат и да ги пријават штетите,  најави градоначалникот Костадинов.

Штети има и на посеаните житни култура, а повеќе од 30% од оризот се уште е неожнеан, се жалата земјоделците од Чешиново-Облешево. 

Наредните денови се очекува да има проценка на штетите и на земјоделските култури

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3