Connect with us

Вести

Пејачката Џејла Рамовиќ и нејзиниот бенд настапувале во објект во Кичево без работна дозвола, поднесена пријава

По засилената акциска контрола спроведена во ноќта меѓу 29 и 30 ноември, полициски службеници од ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Државниот трудов инспекторат, откриле пет странски државјани кои вршеле работа без соодветна работна дозвола во угостителски објект на магистралниот пат Кичево-Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При контролата биле затекнати една 23-годишна државјанка на Босна и Херцеговина, ангажирана како пејачка, како и четворица членови на музички бенд на возраст од 24 до 28 години, исто така државјани на Босна и Херцеговина. Според МВР, тие извршувале работни активности без претходно обезбедена работна дозвола, што претставува прекршок согласно Законот за странци.

Против лицата е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд Кичево, а постапките се водат согласно член 23 став 3 и член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци.

Од Министерството најавуваат дека ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел почитување на законската регулатива и сузбивање на нелегалното ангажирање на странски државјани.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1