Connect with us

Општини

Дипломатски хуманитарен базар за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта

По повод Светскиот ден на детето, денеска во хотелот „Мериот“ во Скопје се одржа Дипломатски хуманитарен базар под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. Настанот, кој привлече голем број посетители, имаше за цел собирање средства за подобрување на хигиенските услови во две основни училишта, за сите ученици, вклучително и децата со попреченост.

На настанот беше посочено дека иницијативата е од исклучителна важност за заедницата и дека дипломатската заедница заеднички придонесува кон создавање на подобри и подостојни услови за развој на децата.

Голем број амбасади имаа свои штандови, каде што посетителите можеа да ги пробаат традиционалните јадења од различни земји, како и да купат автентични подароци, ракотворби, приврзоци и други уникатни предмети. Меѓу учесниците беа амбасадите на Австрија, Германија, Италија, Шпанија, Турција, Јапонија, Кина, како и Делегацијата на Европската Унија и Институтот „Конфучие“.

За децата беше подготвена и специјална детска музичка програма, а гостите имаа можност да купат билети од 200 денари и да учествуваат во наградна игра со вредни подароци, меѓу кои авионска карта за Истанбул со Turkish Airlines, престој во луксузна соба во хотел „Ликам“ со масажа и вечера со свеќи за двајца, 3D принтер, дизајнерски часовник од македонско-австриски бренд и други изненадувања.

Настанот беше збогатен и со музички точки, каде изведувачи претставија македонски традиционални ора и танци. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1