Свет
Врховниот суд на Шпанија нареди притвор за поранешниот министер за транспорт
Врховниот суд на Шпанија денеска нареди притвор за поранешниот шпански министер за транспорт Хозе Луис Абалос.
Во судската наредба, до која увид имале британските медиуми, судот наведува дека Абалос, кој беше и висок функционер во владејачката Социјалистичка партија, треба да биде задржан во притвор поради ризикот од бегство.
Минатата недела, обвинителите за борба против корупцијата изјавија дека бараат 24 години затвор за Абалос.
Абалос е обвинет, заедно со неговиот помошник Колдо Гарсија и еден бизнисмен, за местење јавни договори за медицински материјали како што се заштитни маски за време на пандемијата Ковид-19, додека тој беше член на владата.
Абалос и Гарсија негираа дека сториле нешто лошо.
Одлуката на судот е уште еден удар за левичарската малцинска влада предводена од премиерот Педро Санчез, која е под притисок поради разни корупциски скандали, јави ДПА.
ноември 28, 2025

