Connect with us

Кошарка

(Видео) „Гробарите“ му приредија спектакуларен пречек на Обрадовиќ

Навивачите на Партизан попладнево го пречекаа тренерот Жељко Обрадовиќ на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Трофејниот тренер по поразот од Панатинаикос во вторникот во Евролигата вчера понуди оставка, која денеска раководството на клубот ја одби. Обрадовиќ и дел од играчите по натпреварот во вторникот имаа слободни денови, а тој остана во Атина каде со успех го предводеше пред неколку сезони Панатинаикос (освои шест европски титули).

Притоа првите луѓе на „црно-белите“ му дадоа максимална доверба со можност за промена и на „целиот играчки состав“. Како поддршка за управата попладнево упатија и симпатизерите го пречекаа Обрадовиќ, кој сепак не се обрати.

Партизан со скор од 4 победи и 9 порази се наоѓа на 18.место во Евролигата од 20 екипи. Неизвесноста за статусот на тренерот ќе трае уште кратко.

Партизан следниот натпревар (Евролига) го игра на 4.декември против Баерн во Белград, а брзо ќе следува и „вечното дерби“ со Црвена Звезда (12.декември). 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2