Connect with us

Свет

Украина обвинува дека руските сили извршиле егзекуција врз петмина воени затвореници на фронтот кај Хуљаиполе

Петмина воени затвореници биле застрелани од руски војници во јужниот украински регион Запорожје, соопшти денеска канцеларијата на јавниот обвинител во Киев, пренесе ДПА.

Инцидентот се случил утринава на линијата на фронтот кај градот Хуљаиполе, соопшти канцеларијата на обвинителството.

Покренати се истраги под сомнение за убиство со умисла и воено злосторство, додаде обвинителството, пренесено од германската агенција.

Според експертите на ОН, руските војници и претходно имаат убиено неколку десетици украински војници откако ги заробиле.

Украинските сили, исто така, се соочуваат со некои обвинувања за слични злоупотреби, иако во помал обем, додава ДПА.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2