Connect with us

Општини

Престижна награда за Општина Охрид на Саемот за туризам во Нови Сад

 Општина Охрид е добитник на престижна награда на 56-тиот Меѓународен саем за туризам што од денеска се одржува во Нови Сад, Србија. Станува збор за награда за перспективна и јасна визија за развојот на градот Охрид како актрактивна туристичка понуда.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, посочи дека тоа признание претставува значајна потврда за континуираните напори на општината во унапредувањето и промовирањето на туристичките потенцијали на градот.

Инаку, на промотивниот штанд на Општина Охрид, посетителите имаат можност да дознаат повеќе информации за туристичките знаменитости на градот, сместувачките капацитети, туристичките настани, руралниот туризам и автентичната гастрономска понуда.

На Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, учествуваат повеќе од 250 излагачи од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија и од Русија. Оваа година, сме земја-партнер на настанот. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4