Свет
Полски министер за одбрана: Планираме 30 пати да го зголемиме производството на гранати од 155 милиметри
Полска планира 30 пати да го зголеми производството на артилериски гранати од 155 милиметри во наредните години, изјави вицепремиерот и министер за одбрана на Полска Владислав Кошињак-Камиш, говорејќи на форум за прашања од локалната самоуправа во Закопане.
– Производствениот капацитет на муниција од 155 милиметри треба да се зголеми 30 пати благодарение на Законот за фабрики за муниција, изјави Кошињак-Камиш.
Кошињак-Камиш додаде дека Владата издвоила три милијарди злоти (околу 750 милиони долари) за изградба на три вакви фабрики и дека пуштањето во употреба на овие објекти ќе обезбеди независност на Полска во производството на гранати од овој калибар.
Министерот, исто така, потсети дека во текот на изминатите две години, компанијата МЕСКО, дел од одбранбениот концерн ПГЗ, го зголеми производството на гранати од мал калибар од 50 на 250 милиони парчиња годишно.
ноември 28, 2025

