Хроника
Измама вредна 720 евра пријавила 27-годишна неготинка
Измама вредна 720 евра пријавила 27-годишна неготинка во полиција, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во 16 часот, во ОВР – Неготино, 27- годишна жена од градот пријави дека била измамена за сума од 720 евра. Според пријавеното, во месец октомври, преку мобилна апликација остварила комуникација со лице кое продавало текстил на социјална мрежа, а потоа парите ги уплатила на сметка преку апликација за меѓународен трансфер на пари, на лице од Република Турција. По неколку денови, пријавителката се обидела да оствари контакт, но, не добила одговор, била блокирана и сфатила дека е измамена, појаснија од СВР – Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
ноември 28, 2025

