Фудбал
Итен состанок на „Енфилд“, Ливерпул го повика и Клоп
Поразот синоќа во Лигата на шампионите од ПСВ Ајндховен на домашен терен (1:4) го „запали“ црвеното светло кај англискиот шампион Ливерпул. Неизвесна е судбината на менаџерот Арне Слот, а попладнево бил „свикан“ состанок. Ова откако на последните три натпревари (два на домашен терен) Ливерпул изгуби со три разлика.
Според британски „Телеграф“ се зборувало под кои услови би останал Слот, а за евентуална негова замена. Холандскиот тренер добил услов екипата на ги добие следните три натпревари во Премиер лигата (Вест Хем – гости; Сандерленд – дома и Лидс – гости). Управата на клубот веќе стапила во контакт и со Јирген Клоп, германскиот тренер да се врати на местото каде имаше извонредни резултати. Една од опциите е Клоп да биде и преодно решение, додека не се најде менаџер.
Инаку, Ливерпул на табелата на Премиер лигата се наоѓа на 12.место со 18 бодови, далеку од лидерот Арсенал.
ноември 28, 2025

