Connect with us

Општини

Форум на Економски факултет во Прилеп: Неопходна е поголема практична соработка на факултетот, студентите и бизнис заедницата

Соработката меѓу академската заедница, работодавците, студентите и алумни организациите е од особено значење за креирање конкурентни студиски програми и знаења барани на пазарот на трудот, беше истакнато на денешниот прв форум на Прилепскиот економски факултет за соработка меѓу академската заедница и бизнис секторот.

-Со децении слушаме дека бизнисот не е задоволен од практичните вештини на нашите студенти. Овој настан е прв кој има конкретна цел. Се разгледува секоја студиска програма и се бараат недостатоците. Сигурен сум дека ќе се зголемат практичните вештини, искуствата од форумот ќе ги применат и другите високообразовни институции, рече Игор Неделковски, ректор на универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола.

Секоја година одобрува стипендии за студентите. Годинава се одобрени 30 за упис во прва година.

– Токму тоа беше поттик за унапредување на сорабтката со бизнис-секторот и активно вклучување на студентите. За  таа цел на форумот се одржаасесии од секоја економска област меѓу професорите, бизнис-секторот и студентите, рече деканката на прилепските економски факултет Татијана Спасеска.

Соработка меѓу факултетот и бизнис секторот мора да има зашто голем дел од студентите не се веднаш подготвени да почнат со работа. Практичната обука треба да ја овојзможи државата, но и да севклучат и компаниите.

-Знаењето е предуслов завработување, но недостасуваат вештини. Студентите мора да знаат да се снајдат на работното место, на пазарот на трудот. Освен државата, обуката треба да ја понудат и приватните компании ако сакаме младите да ги задржиме, вели Катерина Кимовска Геровска, ИТ сектор.

Студентите се подготвени да усвојат вештини и да бидат успешни на пазарот на трудот.

-Имавме многу продуктивна сесија со бизнис заедницата. Дискуситата ги поикажа потенцијалните предизвици. Бизнис заедницата е отворена за соработка, факултетот е подготвен и, дефинитивно, клучните компетенции се практичната работа, соработката на реални проекти, реализација на студентски практики и еден похолистички пристаљп на соработката на студентите со бизнисзаедницата, вели Никола Тумбовски, студент на “Економски факултет-Прилеп. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1