Connect with us

Свет

Земјите членки на ЕУ постигнаа договор за законот за заштита на децата од онлајн сексуална злоупотреба

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки (Корепер) денеска го усогласи ставот на Советот на ЕУ во однос на текстот на Предлог-регулативата за спречување и борба против сексуалната злоупотреба на деца преку интернет.

Со документот на онлајн платформите им се поставува обврска да спречат ширење на содржини од сексуална злоупотреба на деца, да ги отстранат, да го блокираат пристапот до нив и да ги избришат во резултатите од пребарувањето.

Регулативата предвидува создавање на Центар на ЕУ за справување со сексуалната злоупотреба на деца, кој е замислен како нова агенција на Унијата за поддршка на земјите членки и онлајн платформите во спроведувањето на законот.

Центарот ќе ги проценува и обработува информациите доставени од онлајн платформите за материјали со сексуална злоупотреба на деца и ќе креира, одржува и управува со база на податоци за извештаите доставени до него. Овие информации Центарот ќе ги споделува со Европол и националните органи за спроведување на законот, а ќе воспостави и база на податоци за индикатори за сексуална злоупотреба на деца.

Онлајн платформите ќе имаат и обврски да го проценат ризикот од злоупотреба на нивните услуги за ширење содржини со сексуална злоупотреба на деца или за наведување на деца, а земјите членки на ЕУ ќе треба да формираат национални органи за процена на овие ризици и за мерки за нивно ублажување.

Со регулативата се бара и онлајн платформите да се обврзат да ги скенираат своите услуги за откривање на содржини со сексуална злоупотреба на деца, да ги пријават и да ги отстранат.

Врз основа на денеска утврдениот став по Предлог-регулативата, Советот на ЕУ ќе започне преговори со Европскиот парламент за усогласување на конечната верзија на законскиот текст. Инаку, Европскиот парламент ја усогласи својата позиција по оваа Регулатива уште во ноември 2023 година

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1