Connect with us

Политика

Попов до Левица: За брзо ќе ве поканам на отворање на реконструираните студентски домови

На собраниската Комисија за финансирање и буџет, за збор се јави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој се обрати кон пратениците од Левица, кои не присуствуваа на седницата, а имаа поднесено амандман за Буџетот за 2025 година, за кој бараат реконструкција на студентски домови. Попов им порача дека веќе реконструкцијата на студентските домови се изведува, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

„Со оглед на тоа дека во овој момент ни се реконструираат студентските домови, јас ќе упатам порака до политичката партија која ги поднесува овие амандмани, а тоа е дека за многу брзо од денес ќе добијат од мене покана заедно да ги отвориме и промовираме реконструираните студентски домови, којшто во текот на наредната година ќе го добијат својот финиш’’, истакна Попов.

Пратеникот жали што неискреноста на политичката партија Левица е на високо ниво и сакаат да ја замајуваат јавноста со ширење на невистини.

„Не верувам дека намерата во поднесувањето на овој амандман е искрена, туку има за цел да се замајува јавноста, но тие работи не поминуваат бидејќи студентите знаат дека домовите им се реконструираат и што оваа Влада прави за нив’’, потенцираше Попов.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2