Connect with us

Општини

Градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани нема да доаѓа на работа, за одлуката на Владата ќе се жали пред Уставен суд

Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар, Ваљбон Лимани од утре нема да доаѓа на работа. Тој потврди дека до денес не е пристигнато официјално известување за назначување на повереник. Во телефонски разговор за МИА тој посочи дека денес му е последен ден на работа во кабинетот и завршил некои формалности, а во меѓувреме не дошол никој да го извести.

– Откако сум дојден, денес немаше официјално ниту известување ниту одлука поврзана со именувањето на повереник. Денес сум општинската зграда да завршам некои формалности и да се поздравам со вработените, всушност ова е мојот последен работен ден во општината, рече Лимани во телефонскиот разговор.

Тој немаше одговор на прашањето кога владиниот повереник Фадил Џелили би ја презел функцијата и дали ќе дојде во општинската зграда.

В.д. градоначалникот Лимани на одлуката на Владата ќе се жали пред Уставен суд, бидејќи како што напомена смета дека е незаконита. Тој чекор ќе го направи откако ќе го добие официјалниот документ.

Владата вчера донесе одлука за именување на адвокатот Фадиљ Џелили за повереник во општина Гостивар. Оваа одлука дојде по неуспешните избори за градоначалник на последните локални избори. Лимани посочи дека во овој период на локалната самоуправа и претстојат предизвици, како што се носењето на буџетот и програмите за работа за наредната година, но како што рече не очекува да има застој во тие процеси.

Ваљбон Лимани како кандидат на коалицијата Национална алијанса за интеграции (НАИ) освои мнозинство гласови, но му недостасуваа 22 гласа за да го помине цензусот и да победи во првиот круг. Тој потврди дека ќе биде кандидат за градоначалник на повторените избори кои се закажани за 11 јануари идната година.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2