Connect with us

Свет

Еврокомисијата го сомничи „Шејн“ за продажба на илегални производи

Европската комисија соопшти дека врз основа на Законот за дигитални услуги (ДСА) испратила барање до веб-страницата за електронска трговија „Шејн“ за доставување информации во врска со индикациите дека во продажба нуди илегални производи, како секс кукли во форма на деца и оружје.

Во денешното соопштение на Еврокомисијата се наведува дека барањето е испратено по добиените информации дека вакви илегални производи биле продадени преку „Шејн“ во Франција.

– Комисијата се сомнева дека системот на „Шејн“ би можел да претставува системски ризик за потрошувачите низ целата Европска Унија, се додава во соопштението.

Комисијата формално бара од „Шејн“ да ѝ достави детални информации и интерни документи за тоа како осигурува дека малолетниците не се изложени на содржина несоодветни за нивната возраста и како спречува циркулација на илегални производи на неговата платформа.

Со Законот за дигитални услуги (ДСА) веб-страниците кои имаат статус на „многу големи онлајн платформи“ (ВЛОП), меѓу кои е и „Шејн“, се обврзани да ги проценат и соодветно да ги ублажат системските ризици по малолетниците или од ширењето на илегална содржина, што можат да произлезат од нивните услуги. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4