Connect with us

Општини

ДУИ со поддршка за Лимани за градоначалник на Гостивар и за Шабани за Врапчиште

ДУИ по денешната седница на Генералниот совет соопшти дека на претстојните повторени локални избори ќе ги поддржи Валбон Лимани, кандидат за градоначалник на Општина Гостивар и 
Исен Шабани, кандидат за градоначалник на Општина Врапчиште. 

Како што се посочува во соопштението, ДУИ оценува дека овие кандидатури ја претставуваат сериозноста, посветеноста и визијата на коалицијата НАИ за развој на општините и благосостојбата на граѓаните.

– Во одлуката се истакнува дека резултатите од претходните избори покажаа јасна и убедлива разлика во корист на Националната Алијанса за Интеграција, разлика која произлезе од заедничката работа, ангажманот на терен и широката народна поддршка. Генералниот совет оценува дека оваа предност ќе се продлабочи уште повеќе, благодарение на довербата на граѓаните и заедничкиот ангажман, се наведува во соопштението од ДУИ.

Од партијата посочуваат дека ќе се ангажираат со сите свои политички, организациски и човечки капацитети за да ги води овие две кандидатури кон победа, во интерес на граѓаните на Гостивар и Врапчиште и во функција на заедничката визија за евроатлантска интеграција и одржлив развој. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1