Connect with us

Свет

Торнадо оштети над 100 куќи во близина на Хјустон

Повеќе од 100 куќи се оштетени кога торнадо погоди станбена населба во близина на Хјустон, соопштија властите во Тексас. Повредени нема.

Фотографии и снимки направени со дрон, објавени од полицијата, прикажуваат откорнати кровни плочи и остатоци што ги блокираат локалните улици. Според канцеларијата на полицаецот Марк Херман, најголема штета е регистрирана во населбата Меморијал Норвст.

Пожарникарската служба на Хјустон испрати тим за расчистување на паднатите дрвја, соопшти портпаролот Растин Ролингс.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо за југоисточен Тексас, вклучително и Хјустон, како и предупредување за силно невреме во делови од регионот. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3