Скопје
Се чисти кејот на реката Вардар
Екипите на јавните претпријатија во Скопје го чистат кејот на реката Вардар, објави на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
– Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото, наведува Ѓорѓиевски.

Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи, како што поосчува, скопјани и сите гости на главниот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола.
– Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува, нагласува градоначалникот Ѓорѓиевски.
ноември 26, 2025

