Connect with us

Општини

Прв приемен ден кај градоначалникот Грозданов за граѓаните на Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја започна консултацијата со граѓаните преку термините за директни средби во општинската зграда. Во присуство на раководители и службеници од неколку одделенија и сектори, граѓаните денеска можеа да информираат за проблеми и потреби со кои се соочуваат од различни сфери на локалното живеење.  

– Задача во мојот мандат е на нов, динамичен и организиран начин да обезбедиме поефикасни и побрзи општински услуги и подобро справување со тековните предизвици. Потребите на граѓаните од јавен интерес и со локално значење ни се приоритет, се наведува во соопштението од Општината, цитирајќи го градоначалникот Грозданов.

На првата консултативна средба Грозданов прими четириесетина граѓани, а во однос на претходната пракса, градоначалникот го зголеми за еден час времето на прием, односно од 10 до 13 часот, секој вторник.

Во делот на комуникацијата со граѓаните, огласната табла во дворот на Општина Кочани е заменета со електронски соопштенија од монитор поставен на влезот во зградата, пред пријавница.  

За текот на реализацијата на барањата на граѓаните примени на средба со градоначалникот ќе се известува и на редовните неделни колегиуми на градоначалникот со раководителите на секторите

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2