Општини
Општина Гевгелија и годинава ќе стипендира пет студенти запишани на медицинските факултети
Општина Гевгелија за студиската 2025/2026 година ќе додели пет стипендии на студенти-жители на општина Гевгелија, запишани на медицинските факултети – отсек Општа медицина во Република Македонија, кои запишале прв семестар во студиската 2025/2026 година, па се до завршување на студиите доколку се редовни студенти.
Според одлуката, Комисијата за образование, култура и спорт при Советот на Општина Гевгелија ќе распише Јавен конкурс, а доставените пријави ќе се разгледуваат според Правилникот за услови, критеируми и правила за доделување стипендии.
– Износот на стипендија по студент изнесува 6 илјади денари месечно и се доделува десет месеци во времетраење на една академска година, шеесет месеци во текот на шест академски години (12 семестри). Средствата за стипендиите се обезбедени од буџетот на Општина Гевгелија, а ќе се исплаќаат врз основа на склучен договор за стипендија, стои во информацијата од локалната самоуправа.
Пријавите на апликантите со потребната документација треба да се достават лично до архивата на Општина Гевгелија или да се достават со препорачана пошта до: Општина Гевгелија, улица „Димитар Влахов“ бр. 4, 1480 Гевгелија со назнака: „За конкурсот за доделување на пет стипендии на студенти на Медицинските факултети – отсек општа медицина од општина Гевгелија за академската 2025/2026 година“.
Крајниот рок за поднесување на пријави со потребната документација за стипендии е до 10 декември 2025 година до 16:00 часот.
ноември 26, 2025

