Култура
Ново издание на фестивалот „Музика од светот“ во Битола
Под мотото „Уметноста на звукот“ од 27 ноември до 1 декември во Битола ќе се одржи 17. издание на фестивалот „Музика од светот“. Годинава на фестивалот во Битола ќе настапат уметници од Турција, Хрватска, Грција, Русија, Шпанија и Македонија, изјави на прес конференција во битолкиот Центар за култура, Сашо Илковски, директор на таа национална установа.
-Фестивалот ја претвора Битола во една точка на уметничка инспирација и културна поврзаност, средба на различни култури, јазици и звуци, а со една иста цел – музиката како еден основен, универзален јазик на човештвото. Во новото фестивалско издание ќе го истржуваме просторот меѓу тишината и вибрацијата, меѓу интонацијата и емоцијата, бидејќи звукот не е само средство за изразување, туку и врска која што се воспоставува меѓу слушателот и изведувачот, меѓу традиционалното и современото, меѓу локалното и светското, истакна Илковски.
Фестивалот „Музика од светот“ ќе го отворат групата „Фонтана“ од Битола и пејачката Гамзе Матраџи од Измир, Турција
ноември 26, 2025

