Connect with us

Фудбал

Мојс: Неверојатно сум горд на играчите и навивачите, издржавме со десет играчи

Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, го пофали својот тим за победата од 1:0 над Манчестер јунајтед на гостински терен во 12. коло од англиската Премиер лига.

– Неверојатно сум горд на играчите и навивачите. Издржавме со десет играчи. Го започнавме натпреварот брилијантно, потоа дојде исклучувањето и играта се промени. Но, покажавме отпорност. Манчестер јунајтед е во добра форма во моментов, па сигурно не беше лесен натпревар. Голманот беше во најдобра форма кога требаше. Моите фудбалери покажаа храброст, изјави шкотскиот менаџер на прес-конференцијата по натпреварот.

Евертон играше со десет играчи од 13-тата минута, откако сенегалскиот играч од средниот ред Идриса Геје беше исклучен.

Тимот е на 12. место на табелата во англиската Премиер лига со 18 бода по 12 натпревари.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1