Connect with us

Политика

Попов: 40 милиони евра за самовработување на повеќе од 16 000 лица, младите се приоритет на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска, повторно младите се во фокусот на Владата. Денеска испраќаме јасна порака, Македонија повторно инвестира во младите. Наместо празни ветувања и политички маркетинг, младите добиваат вистинска и конкретна поддршка за работа, сопствен бизнис и кариерен развој.

Со доделувањето на решенијата за самовработување од страна на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на младите во Македонија им даваме јасна насока, мотивација и можност за успех. Мерката во вкупна вредност од 40 милиони евра, со која ќе се помогне на повеќе од 16.000 невработени лица, да се вработат и да креираат додадена вредност во општеството, е дел од јасната стратегија на оваа Влада да изгради силна економија, со силни и независни индивидуи.

Од вкупно 6045 апликации, што е рекорден број, 3296 се за лица до 29 години, факт што радува. До сега издадени се 2916 ваучери за изработка на бизнис план, а оценети се 2681, a од нив 1140 се за млади до 29 години. Ова сериозно говори за вратената доверба на младите и препознавањето на искреноста на институциите.

Дополнително за ова доказ е и фактот што решенијата се доделуваат на јавен и транспарентен начин, за разлика од порано кога никој не знаеше каде завршиле овие пари и кој ги добил.

Разликата од минатото е евидентна, со искрена заложба и директна поддршка на премиерот Мицкоски, младите не се оставени заборавени и сами на себе. Напротив, тие се во центарот на сите случувања, носители на промените, двигатели на развојот, генерацијата која ќе ја води Македонија напред.

Додека другите зборуваат за иселување и апатија, ние работиме на останување и успех во Македонија.

Додека тие шират песимизам, ние отвораме нови врати и можности.

Нашата цел е јасна, Македонија да стане место каде сите сакаат да живеат, да работат и да создаваат додадена вредност. За нас, за нашите предци и најважно, за генерациите кои доаѓаат по нас.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1