Фудбал
Артета: Арсенал доминираше над Тотенхем, Езе можеше да постигне четири или пет гола
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека „топчиите“ можеа да постигнат повеќе голови во победата од 4:1 над Тотенхем вчеравечер во 12. коло од Премиер лигата.
– Ова е посебен ден за нас. Знаевме колку е важен овој натпревар и што значи за нашите навивачи. Прекрасно е да можеме да им дадеме таква радост. Искрено, Еберечи Езе можеше да постигне четири или пет гола. Тој е добар играч кој може да создаде магични моменти. Доминиравме во текот на целиот натпревар. Создадовме многу шанси и бевме многу блиску до постигнување гол. Останавме трпеливи“, рече Артета на прес-конференција.
Арсенал има 29 бода и е на врвот на табелата. Тотенхем е на 9. место со 18 бода.
Следниот натпревар на Арсенал е со Челзи на гостински терен на 30 ноември во 13. коло, додека Тотенхем ќе биде домаќин на Фулам на 29 ноември.
ноември 25, 2025

