Општини
Општина Битола вклучена во проект за „Инклузија на деца Роми во детски градинки“
Општина Битола потпиша Договор за соработка во проект за инклузија на деца Роми во детските градинки, кој ќе го реализира со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Општина Битола, а во функција на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“-Битола.
Од Општина Битола информираа дека Договорот го потпишаа министерот Фатмир Лимани, градоначалникот Тони Коњановски и директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ Весна Лозановска со кој во учебната 2025/2026 година, ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ од Битола се обврзува да изведува воспитно – згрижувачка дејност во воспитни групи за 20 деца Роми на возраст од 3-6 години, кои се во социјален ризик, согласно препораката од Владата, во рамките на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи- детски градинки”.
Целта на проектот е да се обезбеди поголем пристап до предучилишните установи на деца Роми, нивна инклузија и социјализација, како и подигнување на свеста на родителите од важноста за образованието на нивните деца, посочија од Општина Битола.
ноември 24, 2025

