Скопје
Костовски: Започнавме со целосна реконструкција на улиците во населеното место Бел Камен
Ветеното го реализираме и започнуваме со изградба на нови улици. Овие улици ќе добијат нов асфалт по машинското вадење на постоечкиот и дотраен асфалт, информира денеска градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.
Тој додава дека сите овие инфраструктурни зафати кои ги превземаат во сите населени места значат надминување на постоечките проблеми и подобри услови за граѓаните.
-Нема заборавени места, вложуваме во сите места рамномерно, пишува Костовски на својот фејсбук профил.
ноември 24, 2025

