Connect with us

Фудбал

Компани за пресвртот со Фрајбург: Најважниот момент беше кога го постигнавме вториот гол

Тренерот на Баерн, Винсент Компани, се осврна на вчерашниот триумф со 6:2 над Фрајбург во 11-то коло од Германското фудбалско првенство.

Баварците до победата дојдоа со резултатски пресврт, откако губеа со 0:2 по 17 минути игра.

– Без сомнение, нашиот најважен момент беше кога го постигнавме вториот гол. Играчите ја создадоа таа фаза од нападот. Имаше многу квалитет. Не многу играчи се способни за такво нешто. Се вративме во натпреварот благодарение на перформансите на моите фудбалери, изјави Компани.

Пет играчи постигнаа голови за Баерн: Михаел Олисех (два), Ленарт Карл, Дајот Упамекано, Хари Кејн и Николас Џексон.

Баерн Минхен е лидер на табелата со 31 бод, Баер Леверкузен има 23, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Штутгарт по 22,… 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2