Connect with us

Скопје

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со делегација од МАТТО

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска имаше работна средба со делегација од Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО). На овој работен состанок, информираат од нејзиниот кабинет, градоначалничката ги запозна гостите со развојните потенцијали на општината, тековните активности за унапредување на деловната клима и стратешките насоки кои ја позиционираат Кисела Вода како сè поатрактивна средина за инвестирање.

-Средбата помина во конструктивна атмосфера, во која двете страни разменија идеи за продлабочување на економската соработка меѓу локалната самоуправа и деловниот сектор. Разговорите беа насочени кон иницијативи за унапредување на приватниот сектор, реализација на проекти од областа на заштитата на животната средина, развој на лесната индустрија и создавање одржливи услови за економски раст, соопштија од Општина Кисела Вода.

Претставниците на МАТТО, се вели во соопштението, ја потврдија својата подготвеност за понатамошно институционално партнерство и заедничко создавање можности што ќе придонесат за унапредување на локалната економија и долгорочен развој на Општина Кисела Вода.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4