Connect with us

Општини

Формирана мрежа на мировни училишта

Наставници од 78 училишта формираа Мрежа на мировни училишта во Македонија, раководена од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. . Сите наставници од овие училишта учествуваа во дефинирање и на Декларацијата за пристапување и заедничко дејствување, каде се обврзаа дека во училиштата ќе се негува принципот на ненасилна и отворена комуникација, без дискриминација по ниту една основа, се наведува во соопштение на „Меѓаши“. 

Водени од вербата дека училиштето е клучно место за градење култура на мир, наставниците се обврзаа и на зајакнување на партнерството меѓу училиштата, заедницата и родителите во насока на промоција на мир и соработка, како и споделување пракса и искуства со другите училишта во рамки на Мрежата, притоа активно поддржувајќи заедничко учење и развој.

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, ја нагласи важноста на мировното образование како законска обврска и клучен дел од националниот воспитно-образовен систем. „Иако Македонија е мала земја и не може да влијае на надминување на глобалните конфликти меѓу многу посилни држави, сепак може и мора да го зачува мирот во своите граници, благодарение на иницијативите на Меѓаши”.

„Со формирање на Мрежата на мировни училишта, Меѓаши само го официјализираше сето она за кое вредно работеше изминатите 15 години”, изјави м-р Драги Змијанац, претседател и соосновач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Тој додаде дека „навистина е импресивно тоа што програмата за мировно образование опфаќа над 300 наставници. Преку нивниот континуиран труд, повеќе од 8. 000 ученици се запознаа со вредностите на мирот, чија примена не доаѓа веднаш, туку постепено – станувајќи личен манир со долгорочен импакт врз целото општество”.

„Официјализираната Мрежа на мировни училишта ќе овозможи да се надминат неочекуваните предизвици. На сите училишта – а тука се и тие кои се дел од мировните, кои ќе имаат поддршка од Бирото за развој и Меѓаши , им стоиме на располагање. Преку хармонизирање на средината која се темели на дијалог и преку согледување што е добро, а што да се подобри, заедно може да ги надминеме бариерите. Упатуваме порака за мир до сите пори во општеството”, посочи м-р Милка Тримчевска, директорка на Бирото за развој на образованието.

„Навистина сум горд и среќен поради тоа што сум дел од програма за мировно образование уште од самиот почеток. Бевма мала, а сега сме навистина голема група. Училиштата, едно по едно влегуваат во ова друштво. Понекогаш си велам, што ќе беше со програмата ако сите наставници го имаат духот на наставниците вклучени во процесот – верувам дека резултатите би биле убави. Да бидеш дел од Меѓаши, значи да бидеш во мир со себе”, заклучи Џевит Мифтароски, професор во СОУ „28 Ноември”, Дебар.

Со формирање на првата Мрежа на мировни училишта во Македонија, Првата детска амбасада во светот Меѓаши направи историски чекор. Секое насилство е знак за отсуство на мирот. На овој директен повик за акција, Мрежата достоинствено одговара со воведување на мировното образование како камен темелник во своето делување.

Меѓаши внесува своја сила во процесот: промовирање на мировното образование како двигател на општествена промена, создавање инклузивна култура на мир и активно ширење на практики што инспирираат заедничко учење и развој.

Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2