Connect with us

Култура

Промовирана книга „Стојанче Стефанов“ од Марјан Гијовски

Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани синоќа беше промовирана книга посветена на 24 – годишниот Стојанче Стефанов, кој почина на 17 април на Военомдицинската академија во Белград од последиците здобиени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Книгата „Стојанче Стефанов“  чиј автор е Марјан Гијовски има  поднаслов „Прави го она што го прават големите момчиња“.

– Идејата за пишување на овој ракопис се роди некаде во мај оваа година, кога го правевме четириесетдневниот помен. Активно почнав да работам од втората половина на јуни и тоа траеше до октомври. Навистина сум благодарен на моите соработници, на рецензентката, на тие што ги интервјуирав, затоа што од „прва“ ја прифатија мојата покана, што навистена и не беше лесна задача, ниту за мене, ниту за семејството, ниту за моите соработници, рече на промоцијата авторот, Марјан Гијовски, чие семејство потекнува од Кочани и роднински е поврзано со Стефанови.

Во книгата, на стотина страници се поместени кажувања за Стојанче  од негови другари и пријатели.

Промоцијата имаше и видео содржини. 
– Напишаното од авторот  е книжевен споменик за Стојанче за век и веков. Гијовски направил големо дело, со многу енергија и љубов. Благодарност и за неговите родители што дозволија да се напише книгата, која како четиво е прифатлива и поучна за сите  генерации, смета рецензентката, Ленче Стомeнова.


Сите испечатени примероци на книгата за Стојанче Стефанов, авторот м-р Марјан Гијовски, синоќа ги потпиша и подели на присутните во салата за промоциии на Националната установа од Кочани. Авторот најави второ издание, кое исто така, ќе биде бесплатно поделено на секој што ќе пројави интерес да ја има книгата за 24 – годишното момче од кочанската населба Оризари, 62 – ра жртва на пожарот во „Пулс“. 

Промотор на книгата на Гијовски, беше  Доне Донев, а модератор на настанот Марина Гоцевска. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1