Connect with us

Фудбал

Алегри: Интер е силен тим, фаворит за Скудетото, но ние не се плашиме

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, ги сподели своите очекувања пред натпреварот од Серија А против Интер.

– Ќе биде прекрасна вечер. Се соочуваме со многу силен тим, фаворит за Скудетото, заедно со Наполи, кој победи на 11 од последните 12 натпревари и постигна 28 гола, а прими само 7. Тие се искусен тим со физички и технички играчи, но дербито е секогаш поинаков натпревар. Ќе треба да одиграме добро и да бидеме пофокусирани отколку што бевме против Парма. Ваквите големи натпревари даваат адреналин и возбуда во подготовките. Треба да се фокусираме на натпреварот, но да не се плашиме да играме. Во важните натпревари, деталите одлучуваат, изјави Масимилијано Алегри.

Натпреварот Интер – Милан е закажан за утревечер со почеток во 20:45 часот. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3