Општини
Реализирано есенско порибување во Национален парк „Маврово”
Во Национален парк „Маврово“ заврши есенското порибување на водите на територијата на паркот за разновидност на рибниот фонд.
Како и претходните години, со порибување беа опфатени неколку локации по течението на реката Радика со нејзините притоки и Мавровското Езеро, кои се најзначајните водни живеалишта во Националниот парк.

Во Мавровско Езеро се уфрлени 200 килограми крап и 100 килограми поточна пастрмка. Реката Радика и притоките се порибени со 100 кг поточна пастрмка.
Есенското порибување го следеше надлежен инспектор и беше со стручна поддршка од вработените во ЈУНП „Маврово”.
ноември 22, 2025

