Connect with us

Регион

Рама: Одлуката на Специјалниот суд за суспензија на вицепремиерката Балуку е брутален чин на мешање во извршната власт

Албанскиот премиер Еди Рама на денешната заедничка прес-конфереција со еврокомесарката Марта Кос, во Тирана, одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната одлука на Специјалниот суд против корупција и организиран криминал (ЃККО), за суспензија на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, оцени дека станува збор за „брутален чин на мешање во извршната власт“.

Ова е негова првична реакција, по одлуката за „суспензија од вршење на должност и функција“ и „забрана за напуштање на земјата“, како дел од истрагите за прекршување на еднаквоста на тендери, посочувајќи дека ќе побараат од Уставниот суд да се произнесе по истата.

На прашањето дали ќе ја разреши вцепремерката и министерка за инфрастрктура и енергетка, и дали чувствува лична одговорност, откако и претходникот на Балуку, Арбен Ахметај, е осомничен за корупција, одговори дека „не сме во позиција да правиме никакви потези во владата а во моментов функциите на министерот за инфраструктура и вицепремиер не функционираат“.

– Суспензијата е судска одлука што ќе ја проследиме до Уставниот суд како брутален чин на мешање во независноста на извршната власт. Уставот мора да ни каже каков е неговиот став. Не сме во позиција каде што можат да се диктираат какви било потези во владата. За моментот за кој зборуваме, нема вицепремиер и министер за инфраструктура и енергетика кои функционираат, одговори Рама.

Додаде дека „не е вообичаено во ЕУ луѓето да бидат суспендирани од своите позиции“, и оти „ова е уникатен пример во историјата на Европа“.

Дури според него „не е вообичаено во ЕУ градоначалник да биде отстранет од функцијата без судење и испратен во затвор“, што индиректно се однесува на Ерион Велиај, градоначалник на Тирана, кој е во затворски притвор од февруари годинава, поради корупција и перење пари.

Во однос на истото прашање, еврокомесарката Кос не сакаше да коментира.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1