Connect with us

Општини

Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и УЈП

Зајакнување на меѓусебната координација преку навремена, директна и взаемна комуникација, размена на суштински податоци и информации, како и подготовка и реализација на заеднички проекти со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка предвидува Меморандум за соработка  што денеска го потпишаа директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, и директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.

Целта на Меморандумот, како што информираат од Агенцијата за катастар, е да овозможи систематски и усогласен пристап во размената на податоци меѓу институциите. Во таа насока, на Управата за јавни приходи ќе ѝ бидат ставени на располагање податоците од геодетско-катастарскиот систем, како и други информации и активности од заемен интерес.

Потпишувањето на овој документ, додаваат, претставува континуитет и продлабочување на досегашната успешна соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за јавни приходи.

-Директорот Живковски изрази задоволство од потпишувањето на Меморандумот и истакна дека тој ќе придонесе за понатамошно интензивирање на соработката, преку взаемна поддршка и заедничко делување во исполнување на законските надлежности и остварување на заедничките цели на двете институции, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3