Connect with us

Култура

Концерт на Фолтин во Филхармонија

Македонската група Фолтин, која годинава одбележува јубилејни 30 години постоење вечерва во салата на Македонска Филхармонија ќе одржи концерт, во организација на МГ Мјузик Продукција.

Фолтин е основана во 1995 година во Битола и има десетина студиски изданија, како и потпишува музика на триесетина театарски претстави и неколку филмови („Плати и жени”, „Со љубов”, „Исцелител”, „Медена земја” и др.)

Нејзиниот изворен јазик е повеќе уметнички и експериментален, а текстовите се фонетска имитација на неколку природни јазици од медитеранскиот регион, што тие самите го нарекуваат „спонтан есперанто”. „Псевдо-емигрантско кабаре” е нивниот карактеристичен звуковен амалгам на жанрови, од традиционална музика преку електроника до рок, и визуелен израз што вклучува елементи на кабаре и на перформанс. Подоцна, со текстовите на македонски јазик, Фолтин отвора ново поглавје, притоа збогатувајќи ја звучната слика со влијанија од алтернативниот рок или од новиот бран, но сè уште одржувајќи ги врските со традиционалната музика и со концептот на кабаре.

Фолтин се Пеце Николовски – кларинет, каос-пад, усна хармоника, Пеце Трајковски – електронски акордеон, електрична гитара, Гоце Јованоски – бас, Славчо Јовев – тапани и  Бранислав Николов – вокал.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1