Connect with us

Култура

Аудиција за избор на главна женска улога во играниот филм „Голиот рид“

Сити стар продукција ќе организира отворена аудиција за избор на главна женска улога во „Голиот рид“ – нов игран филм на режисерот Игор Алексов, автор на наградуваниот филм „Лена и Владимир“.

Продукцијата го најавува неговиот нов филм како мистериозен трилер и за главниот женски лик бара актерка или студентка по актерска игра која треба да е на возраст од 20 до 35 години. Рокот за пријавување е до 26 ноември, а аудициите ќе бидат организирани од 27 ноември во просториите на „Вардар филм“. 

-Заинтересираните кандидатки може да испратат пријава на е-пошта: citystar.production@gmail.com и да наведат име, презиме и возраст, неколку професионални или аматерски фотографии, кратка биографија и телефон за контакт, соопшти Сити стар продукција.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2