Култура
Во Белград претставена книга на Катја Василев, млада поетеса која ја донираше својата стихозбирка за повредените во трагичниот настан во Кочани во март
Во Библотеката на градот Белград во организација на здружението Македониум, беше претставена поетската збирка „Деца света“ од 10-годишната поетеса Катја Василев. Збирката поезија на 10-годишната Катја Василев беше во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на детето.
Таа во знак на поддршка и човечка емпатија ја донираше својата стихозбирка за повредените во трагичниот настан во Кочани во март. Тој нејзин гест придонесе на хуманитарната акција што беше организирана тогаш од страна на македонската дијаспора во Србија.
– Почнав да пишувам на седум години и првата промоција ми беше кога имав девет години. Пишувањето на оваа книга беше преубаво…Мојата инспирација се децата. На нив им ја посветив оваа книга…Ако сакаме подобар свет мора да се смееме, искрено да делиме великодушност, да слушаме внимателно да ги играме со фантазијата, да веруваме без страв и да сакаме без услови, рече малата Катја Василев.
– Мојата порачува на целиот свет да се врати во детството и да имаат сите срце на дете. 
Катја оди во основно училиште и во музичко училиште. Својата прва песна – Ангел – ја напишала кога имала седум години. Учествувала на многу натпревари во Србија.
За себе вели дека песните ги пишува од душата, секој збор е од срцето. Песните и се кратки, но пораката е долга. Нејзините зборови се детски по возраст, но возрасни по големи по вистината што ја носат. Тие нејзини зборови доаѓаат до длабочина од потреба на светот да му се каже дека љубовта и добрината се уште постојат и живеат во децата. Таа зборовите ги претвора во пораки со желба да се поправи светот. Тоа се чисти стихови и широки. Катја е дете што пишува, но пред се дете што менува свет со своите стихови, беше нагласено на промоцијата.
– Има само 10 години, а зборовите и се рамо-до-рамо со големите поети како да се дружеле тајно во некоја градина. Вечерва сме сведоци на раѓање на еден светски поглед на љубовта , на природата, рече поетесата од Вршац, Верица Преда ПреВера која беше модератор на настанот.
Во врска со гестот за донирање за повредените во Кочани беше истакнато дека „таа може да ја разбере болката на другите и на тоа да одговори со добрина„.
– Детето може да види страдање и вели – еве земи тебе ти треба повеќе отколку на мене. И кога дете подарува нешто тоа е најчист дар, најголем, најискрен. Тоа е хуманост што не с емери. Катја покажа дека е човек уште пред да порасне, додаде Верица Преда ПреВера.
– Здружениете Македониум го одбележува со ваква пригодна програма. Го одбележавме овој празник каде се учи македонскиот јазик со елементи на националната култура. Повеќе од една година работиме со најмладите лица од македонската заедница. Здружението Макеодниум организира вакви програми во кои се вклучени децата и создаваат децата. На Катја и честитам што ја има првата промоција во ова наше здружение. И што се вклучи тогаш во хуманитарната акција за настраданите во Кочани, истакнаа од Здружението Македониум. 
На настанот стихови од стихозбирката на Катја Василев на македонски јазик рецитираа неколку деца. Свечената програма беше збогатена со музика на детскиот гудачки ансамбл „Версус“ и ансамблот „Македониум“.
ноември 21, 2025

