Политика
Трајанова: Предвидени над 112 милиони денари за нов клинички центар во Скопје и во Штип
Македонија инвестира во здравјето и благосостојбата на своите граѓани. Чест ми е да ви соопштам дека во предлог-буџетот за идната година, предвидени се повеќе од 112 милиони денари за изградба на нов клинички центар во Скопје и во Штип, се наведува во денешното соопштение од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од изјава за медиуми на Моника Трајанова, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
15 милиони денари за болница во Кичево, како и скоро 370 милиони за генерална реконструкција и доградба на јавно-здравствените установи низ Македонија.
Недвосмислен чекор напред кон подобро, современо и ефикасно здравство за секого.
Паралелно, се продолжува со систематско финансирање на јавните здравствени установи, како и на голем број целни програми, меѓу кои:
За лекување на ретки болести 1,08 милијарди денари,
Обезбедување инсулин за пациенти- 860 милиони денари.
Превентивните програми за туберкулоза се зголемуваат за 2.5 милиони денари, додека пак програмата за крводарителство расте и е зголемена за 2 милиони денари.
Посветеноста на Владата кон здравјето на секој еден е јасна и недвосмислена.
Идната, 2026-та граѓаните добиваат повеќе, а системот станува одржлив.
Буџетот обезбедува континуитет на најважните здравствени програми, подобри услови за здравствените работници, поддршка за најранливите со повеќе средства во клучните програми, како и многу други позитивни придобивки.
ноември 21, 2025

