Connect with us

Скопје

Се санира парк близу црквата „Свети Ѓорѓија“ во Кисела Вода

Во завршна фаза е санацијата на паркот во близина на црквата „Свети Ѓорѓија“, проект што се реализира преку партнерство меѓу Општина Кисела Вода и компанијата „Пелистерка“ АД – Скопје. Станува збор за значајна интервенција на простор што долго време се наоѓаше во незавидна состојба и бараше целосно обновување, информираат попладнево од локалната самоуправа.

– Во рамките на активностите, извршено е целосно поплочување со нови павер – елементи на површина од 420 квадратни метри. Изградени се две нови пешачки патеки, санирани се скалите од амфитеатарот, обновен е споменикот, поставена е нова водоводна инсталација на што ќе бидат монтирани нови чешми, а во тек се работите на новата фонтана, додаваат оттаму.

Паралелно со овие зафати, како што наведуваат, Општина Кисела Вода поставила нови даски за седење кај амфитеатарот, го оплеменува просторот со ново зеленило, поставува ново парковско осветлување и современа урбана опрема, со што паркот добивал попријатен изглед.

– Очекувањата се дека за три седмици, целиот простор ќе биде целосно готов и ставен во функција, истакнуваат од Општината.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4