Општини
Ристовски: За „Универзалната“ сала во Прилеп преговараме со прилепска компанија
Локална компанија од Прилеп е заинтересирана да ја реконаструира Универзалната сала од Прилеп и да стопанисува со неа, но и да плати дел од средствата, долг кон Јавното претпријатие за стопанисување со станбени и деловни објекти, изјави министерот за спорт Борко Ристовски при денешната посета на реконструирани игралишта во прилепската насеба Точила.
-Универзалната сала во Прилеп не е под надлежност на Министерството за спорт, но си зедов обврска да бидам медијатор во таа ситуација. Веќе денес имам состанок со заинтересираната локална компанија која сака да ја реконаструира, да стопанисува со Универзалната сала од Прилеп, но и да плати дел од средствата, долг кон ПУИК. Ја прифаќам одговорноста, во името на спортот, да ги спојам сите заинтересирани страни, зашто Прилеп долги години е без спортска сала, рече Ристовски.
Министерот за спорт лани во септември најави пуштање на салата, но како што објасни, не била безбедна.

– Ветив, ама при посетата со инженери видовме дека салата ваква е небезбедна и нема шанса од инженерите да добиеме дозвола. Треба да се направи комплетно нова статика, да се изолира небезбедниот дел од трибините, да се оттргне тоа што е во ѕидот и да се пушти во употреба. Тоа би го направил приватен инвеститор, објасни Ристовски.
Во прилепската населба „Точила“ во употрба беа пуштени реконструирани игралишта за повеќе спортови.
-Вакви реконструирани игралишта ветивме дека ќе ги оспособиме за младите. Имам повеќе ваков вид проекти на санација и реконструкција е низ Македонија. Имаме преку 30 направено што е особено задоволство зашто им даваме можност на децата и на сите млади генерации да спортуваат и да рекреираат, рече министерот за спорт Борко Ристовски при денешната посета на реконструираните игралишта во прилепската населба Точила.
ноември 21, 2025

