Connect with us

Скопје

Општина Аеродром продолжува со исплата на еднократна помош за првачиња и новороденчиња

Општина Аеродром продолжува со исплата на еднократна помош за првачиња и новороденчиња, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

– Општина Аеродром ја продолжува исплатата на финансиските средства по поднесените барања за еднократна парична помош за првачиња и новороденчиња, потврдувајќи ја својата посветеност кон семејствата и најмладите жители на општината. Од почетокот на оваа година, 564 семејства што поднесоа барање за новороденчиња, добија по 8.000 денари. Покрај тоа, Општина Аеродром досега има доделено по 3.500 денари на 350 првачиња, а исплатата на сите преостанати и одобрени барања ќе биде целосно реализирана, најдоцна до крајот на оваа година, се наведува во соопштението.

Од локалната самоуправа потенцираа дека исплатата во претходниот период била привремено запрена, поради одржувањето на локалните избори, а во согласност со ограничувањата пропишани во Изборниот законик.

– Со продолжување на овие активности, Општина Аеродром ја потврдува својата трајна заложба за поддршка на семејствата – затоа што секое дете е значаен дел од иднината на нашата општина, се додава во соопштението.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2