Скопје
Ново детско игралиште и реконструиран плоштад во Бутел
Изградено е ново детско игралиште на површина од 400 квадратни метри во спортско-рекреативниот центар „Македонија“. Покрај тоа, се реконструираше и малиот плоштад. Поставена е нова урбана опрема, нова ограда и ново осветлување, информираат попладнево од Општина Бутел.
– Запуштеното место со руинирани игралишта денес претставува модерен спортско-рекреативен центар на површина од 6.000 квадратни метри. Исто така, во населеното место Радишани е изградено ново корито на река Серава, пешачка патека, фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, баскет – игралиште со специјална подлога, детско игралиште со мека подлога, фитнес – зона, нов парк и се обезбедени дополнителни паркинг – места. Општина Бутел се менува. Општина Бутел вложува во понатамошен развој на спортот, обезбедувајќи здрава иднина на новите генерации, потенцираат од локалната самоуправа.
Оттаму нагласуваат дека локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани.
ноември 21, 2025

