Забава
Златната тоалет-школка на Кателан продадена за 12 милиони долари
Златна тоалетна школка, дизајнирана од италијанскиот уметник Маурицио Кателан, е продадена на аукција во Њујорк, за 12,1 милион долари, соопшти американската аукциска куќа „Сотби’с“ вчера.
Наддавањето за ова уметничко дело во САД предизвика доста возбуда пред продажбата, што беше со нетрпение очекувана. Тоалетот е направен од околу 101 килограм 18-каратно злато и е целосно функционален. Почетната цена е заснована на цената на златото на денот на наддавањето. Вчера, имено, 101 килограм 18-каратно злато вредеа околу 10 милиони долари. Кателан (65) произведе две такви школки во 2016 година – и двете насловени како „Америка“. Од нив, едната беше изложена во музејот „Гугенхајм“ во Њујорк, пред да биде украдена во 2019. од Бленхајм палатата – родното место на Винстон Черчил во Англија, каде што беше позајмена.
Во 2017., другата школка му беше продадена на приватен колекционер, кој ја стави на аукција. Според американските медиуми, колекционерот е милијардерот Стив Коен – сопственик на бејзбол-тимот „Њујорк метс“.
Според аукциската куќа, познат американски бренд ја имал највисоката понуда.
Кателан изгради углед со своето необично концептуално уметничко дело – банана залепена на ѕид со селотејп, насловено „Комичар“. Тоа беше продадено за 6,2 милиони долари, исто – во Њујорк.
ноември 20, 2025

