Култура
Во ЦК „Бели мугри“ утревечер промоција на книга од Гијовски
Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани утревечер во 18 часот во малата сала ќе се одржи промоцијата на книгата „Стојанче Стефанов“ од м-р Марјан Гијовски.
Станува збор за книга посветена на момче од Кочани, 62 – ра жртва во пожарот во „Пулс“ од 16. март оваа година.
Гијовски книгата ја работел четири месеци и претставува плод на разговори со лица кои што кобната ноќ биле во кочанската дискотека.
Промотор на книгата за 24 – годишниот Стојанче Стефанов од Кочани, од населбата Оризари, е Ленче Стоименова, роднокраен автор. Модератор е професорот по македонски јазик, автор на неколку драми и актер Доне Донев.
ноември 20, 2025

