Регион
Во Белград се одржува регионална бизнис конференција на Обединетото Кралство и Западен Балкан, насловена „Building Futures“
Во конгресниот и изложбен простор „Ложионица“ во Белград денеска ќе се одржи регионалната бизнис конференција на Обединетото Кралство и Западен Балкан, насловена „Building Futures“.
Се очекува учество на бизнис претставници од целиот регион, како и околу стотина делегати од британски компании активни во областите на зелена енергија, инфраструктура и напредни технологии.
„Настанот го организираме со цел да обезбедиме поттик за размена на знаење, презентација на најновите решенија и трендови од британската пракса во овие клучни сектори на економијата, како и можност за поврзување со британски компании заинтересирани за деловна соработка со регионот на Западен Балкан“, соопшти Амбасадата на Велика Британија во Белград.
Конференцијата „Building Futures“ е заеднички организирана од британската Амбасада во Белград, Министерството за економија и трговија на Велика Британија (DBT), Британската агенција за извозни кредити (UK Export Finance) и Британско-српската стопанска комора (BSCC), со поддршка на Српската стопанска комора (PKS) и спонзори.
ноември 20, 2025

