Connect with us

Регион

Тирана утре домаќин на Самитот за план за раст „Нашиот пат кон ЕУ“

Тирана утре ќе биде домаќин на Самитот за план за раст „Нашиот пат кон ЕУ“ на кој лидерите од Западен Балкан и комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, ќе разговараат за планот за раст, економската интеграција и регионалната трансформација кон единствениот пазар на ЕУ.

– Самитот ќе се одржи во Палатата на Бригадите во Тирана, ќе започне во 09:30 часот и ќе заврши околу 12:00 часот. Премиерот Еди Рама и еврокомесарката Кос, ќе го одржат воведниот говор на Самитот, а предвидено е да одржат и заедничка прес-конференција, објавија медиумите.

Овој самит има за цел да ја зајакне економската и политичката соработка меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија, отворајќи го патот за понатамошна интеграција на регионот. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4