Connect with us

Регион

Народната банка на Србија доби предупредување за воведување на секундарни санкции поради НИС

Централната банка на Србија добила предупредување за можност за воведување на таканаречените секундарни санкции, поради Нафтената индустрија на Србија (НИС).
Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, изјави дека тоа предупредување е сфатено сериозно.

Самиот поим за санкции не звучи добро. Се надевам дека нема да има такви санкции бидејќи тоа би значело блокирање на сите плаќања – нагласи Табаковиќ

За нас, тоа е сериозна закана и го сфаќаме ова предупредување многу сериозно, рече таа.

Табаковиќ додаде дека Централната банка на Србија не добила попрецизно објаснување за тоа што точно би значеле тие секундарни санкции.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4